Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
5 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 400 гр. зелени пиперки ситно исецкани
- 100 гр. пармезан
- 2 чешниња лук
- 1 лажичка сол
- 2 лажици свеж магдонос
- 2 лажичи сок од лимон
- 50 мл. маслиново масло
Подготовка
Додадете ги пиперките, лукот, пармезанот, солта, магдоносот и сокот од лимон во блендер и измешајте ги. На крај полека додавајте од маслиновото масло и продолжете со мешање уште една минута.
Послужете го веднаш.
Пријатен апетит!