Макала

Макало од црн патлиџан

Рецепт за макало од црн патлиџан, сусам и лук.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 700 гр. црни патлиџани
  • 1 лажица сусам
  • 2 лажички сок од лимон
  • 1/2 чешне лук, ситно сецкан

Подготовка

Испечете ги црните патлиџани на електрична скара 30 минути. Вртете ги често додека да омекнат. Оставете ги малку да се изладат. Потоа излупете ги и сиецкајте ги. Ставете ги во цедилка за да се исцеди вишокот на течност.

Измешајте ги печените црни патлиџани во блендер. Префрлете ги во длабока чинија и додадете сусам, сок од лимон и ситно сецкан лук.

Послужете го макалото веднаш со грицки по ваш избор. 

14 февруари 2013 - 07:00