Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
0 мин.
Вкупно време:
15 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 3 парчиња авокадо, средна големина
- 1/2 главица црвен кромид
- 2 лажици лимонов сок
- 1/2 лажичка табаско сос (лут сос од пиперчиња)
- сол и бибер
- свежи ливчиња од кориандер
Подготовка
Излупете го авокадото и со вилушка испасирајте го во една чинија, додека да добиете кремаста смеса како пире.
Потоа префрлете ја смесата во блендер и измешајте ја кратко време со сецкан кромид, лимонов сок и табаско сос. Зачинете со сол и бибер по вкус.
Декорирајте го макалото декорирано со ливчиња кориандер. Послужете го со тортиља чипс.
На здравје!