Салата од ротквици и сирење

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 8 поголеми ротквици
  • 5 јајца тврдо варени
  • 8 парчиња млад кромид
  • 1 китка свеж копар
  • 450 гр. младо сирење
  • 2 лажици црвен пипер
  • 4 лажици мајонез
  • сол

Подготовка

Излупете ги тврдо варените јајца и исечете ги на парчиња. Ротквиците излупете ги исечете ги на ситни парчиња.

Во поголема чинија за салата ставете го сирењето и издробете го со вилушка. Потоа додадете црвен пипер и сол и добро измешајте.

Додадете ги јајцата во смесата со сирење.

Потоа додадете ги ротквиците, ситно исецканиот копар и младиот кромид.

На крај додадете го мајонезот и зачинете со сол по вкус.

20 мај 2012 - 23:45