Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
5 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 1 чешне лук, ситно сецкан
- 60мл. маслиново масло
- 6 парчиња стар леб, исечен на коцки (2см.)
- 6 домати, исечени на парчиња
- 1 лажица вински оцет
- прстофат шеќер
- 200гр. моцарела, исечена на парчиња
- 4 лажици сецкан свеж босилек
- сол и бибер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во длабок сад измешајте го лукот со 2 лажици маслиново масло. Во оваа смеса додадете ги коцките леб и добро измешајте ги.
Наредете го лебот во плех и печете го рерната околу 5 минути додека да добие светло кафеава боја.
Во длабок сад за сервирање додадете ги доматите. Зачинете ги со оцет, прстофат шеќер и остатокот од маслото. Додадете моцарела сирење, босилек и препечените ларчиња леб. Зачинете со сол и бибер по вкус и добро промешајте.
Наша препорака за прилог: Риба печена на скара.
На здравје!