Задолжително за празници

Француска салата

Еден од задолжителните додатоци на празнична трпеза.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
0 мин.

Вкупно време:
15 мин.

Порции

2 лица

Состојки

  • 300 гр. краставици
  • 100 гр. сирење
  • 150 гр. пилешка шунка
  • 100 гр. кисела павлака
  • 30 гр. ореви

Подготовка

Краставиците се сецкаат на ситни коцки и се ставаат во подлабок сад.

Сирењето и саламата се рендаат и тие се ставаат во садот. Оревите ситно се сецкаат и тие се ставаат во садот. На крајот се додава киселата павлака и сите состојки се мешаат.

Салатата се остава половина час во фрижидер да се излади пред да ја послужите.

На здравје!

25 декември 2012 - 07:00