Овошно вино

Сангрија

Шпански пијалок за совршена комбинација на свежо овошје и вино.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
0 мин.

Вкупно време:
10 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 4 портокали
  • 2 лимони
  • 1 јаболко нелупено, со извадени семки, исечено на парчиња
  • 1 лажичка цимет
  • 1/4 чаша бренди
  • 750 мл. црвено вино
  • 55 гр. шеќер
  • 750 мл. кисела вода,лимонада или швепс по желба

Подготовка

Исечете еден портокал и еден лимон на тенки листови и потоа секое ливче на парчиња. Ставете ги во сад. Додадете го јаболкото, циметот, и брендито. Измешајте, покријте ја смесата и ставете ја во фрижидер преку ноќ. Другиот портокал и лимон изцедете ги. Помешајте ги сите состојки. Искршете мраз и додадете го во 8 високи чаши. Распоредете ја сангријата.
На здравје!

20 декември 2012 - 19:43