Пита со спанаќ и сланина

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
1ч мин.

Вкупно време:
1ч и 30 мин.

Порции

 4 лица

Состојки

  • 4 парчиња сланина
  • 150 гр. спанаќ, исецкан
  • 1 помал кромид
  • 1/2 тиквичка
  • 10 чери домати
  • 4 јајца, изматени со вилушка
  • 1 чаша млеко
  • 1/2 лажичка мелен лук
  • 1/2 лажичка копар
  • 50 гр. сирење
  • 100 гр. кашкавал
  • сол и бибер

За тестото

  • 170 гр. путер, омекнат
  • 400 гр. брашно
  • 1 лажичка сол
  • 3-5 лажици студена вода

Подготовка

Во еден сад измешајте ги со миксер путерот и солта додека да добиете кремаста смеса. Потоа постепено додавајте го брашното и месете го тестото заедно со студена вода. Растегнете го тестото во округло тавче и печете во загреана рерна на 150 степени 25-30 минути. Тестото треба да добие златно жолта боја. Потоа извадете го од рерна и оставете го да се лади.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете една тава со хартија за печење. Поставете ја кората за пита во тавата.

Пропржете ја сланината во тава на посилен оган додека да потемни. Потоа извадете ја врз хартија. Исецкајте ја на ситни парчиња и измешајте ја со ситно исецканите домати, спанањ, тиквица и кромид. Смесата распоредете ја рамномерно во тестото за пита.

Изматете ги со вилушка јајцата и млекото и зачинете со лук, копар, сол и бибер. Прелијте го зеленчукот во питата со изматените јајца. Изронете го сирењето рамномерно врз смесата и одозгора изрендајте го кашкавалот. Печете ја питата во загреаната рерна 1 час.

Добар апетит!

18 мај 2012 - 22:49