Лути закуски

Зачинети јајца

Брз и лесен рецепт за вкусно зачинето мезе.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

12 парчиња

Состојки

  • 6 тврдо варени јајца
  • 50 гр. мајонез
  • ½ лажичка лут буковец
  • ¼ лажичка лук во прав
  • ¼ лажичка кумин
  • прстофат сол и бибер
  • свеж кориандер

Подготовка

Сварете ги јајцата во тенџере со вода и малку сол. Излупете ги и пресечете ги на половинки. Внимателно одстранете ја жолчката од јајцата, а белките поставете ги во чинија со отворите нагоре.
Во длабок сад додадете ги жолчките со мајонез, буковец, лук, кумин, сол и бибер. Добро измешајте ги додека да добиете изедначена смеса. Ако ви изгледа сува можете да додадете мајонез.
Со лажичка наолнете ги белките со смесата. Декорирајте ги со свеж кориандер.
Ставете ги јајцата во фрижидер додека да ги сервирате.
Пријатен апетит!

27 јули 2012 - 07:00