Крем салати

Кремаста салата од компири

Вкусна крем салата од компири со зачини и мајонез.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 1,5 кг. компири млади
  • 3 лажици оцет
  • 180 гр. мајонез
  • 3 парчиња млад кромид сецкани
  • 1 целер сецкан
  • 2 лажици магдонос свеж, сецкан
  • 2 лажици босилек свеж, сецкан
  • 2 лажици копар свеж, сецкан
  • 2 лажици кора од лимон рендана
  • сол и бибер

Подготовка

Зовријте ги компирите во тенџере со вода. Гответе ги на средна температура околу 20 минути. Изцедете ги и оставете ги да отстојат 20тина минути.

Исечете ги компирите на покрупни парчиња. Во поголем сад ставете еден слој компири, зачинете со сол, бибер и оцет, и продолжете со нов ред компири додека не ги додадете сите. Потоа додадете ги преостанатите состојки и убаво промешајте. Покријте ја салатата и оставете ја да се излади.

Пријатен апетит!

6 декември 2012 - 19:01