Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 лимон
- 800гр. модри патлиџани
- 6 домати
- 60мл. маслиново масло
- 1/4 лажичка буковец
- 2 лажички кумин
- 2 чешниња лук
- 2 лажици сецкан кориандер
- 2 лажици сецкано нане
- 4 парчиња јагнешко месо
- 1/2 лажичка црвен пипер
- ориз за гарнир
Подготовка
Исцедете сок од лимон во големо тенџере полно со вода и зовријте го на рингла. Исечете ги модрите патлиџани на коцки од околу 2см и додадете ги во тенџерето. Поклопете ги со чинија за да останат потопени во водата. Варете ги 6 минути додека да омекнат. Потоа процедете ги во цедалка.
Доматите исецкајте ги на крипни парчиња. Загрејте 2 лажици масло во тава на среден оган. Додадете ги доматите заедно со лук, буковец и кумин. Гответе ги 15 минути со повремено мешање.
Додадете ги модрите патлиџани. Намалете ја јачината на ринглата и гответе ги уште 5 минути.
Загрејте лажица масло во тава на среден оган. Пржете го јагнешкото со повремено вртење за рамномерно да се зготви од сите страни.
Оставете го зготвеното месо да одстои 5 минути. Ситно исецкајте ги ливчињата кориандер и нане. Половина оставете ги за декорирање. Другата половина измешајте ја во сад и додадете црвен пипер. Извалкајте го зготвеното месо во оваа смеса. Зачинете го со сол и бибер по вкус.
Сервирајте го прженото јагнешко со ориз како гарнир. Прелијте го месото со сосот од модри патлиџани и декорирајте го со останатите ливчиња нане и кориандер.