Време на подготовка:
60 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
1 ч. 25 мин.
Порции
8 лица
Состојки
- 500 гр. брашно
- 400 гр. вода
- 150 гр. маслиново масло
- 1 квасец сув
Фил
- 2 модри патлиџани
- 3 домати
- 2 пиперки
- 2 чешниња лук
- 1 главица кромид
- 250 гр. моцарела
- 100 гр. пармезан
- сол
- бибер
Подготовка
Замесете го тестото ден предходно и ставете го во фрижидер. При месењето прво додадете го маслиновото масло, потоа квасецот и солта растопени во вода.
На тавче покриено со хартија за печење наредете модар патлиџан, исечен на тенки кругови, посолете ги и зачинете ги со маслиново масло. Печете ги 10 мин во рерна на 250 степени.
Развлечете го тестото и наредете моцарела на тенки ливчиња, испечениот модар патлиџан, патлиџанот на кругчиња, сецкана пиперка, сецкан кромид, лук. Зачинете со сол, бибер и маслиново масло. Наронете врз пицата пармезан и свеж босилок. Печете ја 15 мин на 240C.