Лингвини

Тестенини со туна

Брзи тестенини во сос од туна, домати и црни патлиџани.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 црн патлиџан
  • 1 лимон
  • 400 гр. лингвини
  • 6 лажици маслиново масло
  • 6 големи црвени домати, исецкани
  • 430 гр. туна во масло
  • 5 лажици крупно сецкан свеж магдонос

Подготовка

Сварете ги тестенините според упатството на ќесата во големо тенџере со вода. Потоа исцедете ги.

Во меѓувреме исечете го црниот патлиџан на тенки парчиња. Загрејте тава со маслиново масло на појак оган на рингла и испечете ги парчињата црн патлиџан по околу 5 минути додека да омекнат. Потоа извадете ги од тавата и оставете ги малку да се изладат. Исецкајте ги на поситни парчиња. Во една чинија изрендајте малку кора од лимон. Потоа излупете го лимонот, одстранете ги семките и исецкајте го на ситни парчиња. Измешајте ги парчињата заедно со ренданата кора и додадете сецкан магдонос.

Во подлабока тава загрејте маслиново масло и на посилен оган испржете ги ситно сецканите црвени домати и туната. По 5 минути додадете ги парчињата црни патлиџани и зготвените тестенини. Промешајте ги добро и гответе ги уште две минути.

Послужете ги тестенините топли декорирани со смесата од лимон и магдонос.

На здравје!

25 јануари 2013 - 07:00