Зелени тестенини

Таљатели со сланина и грашок

Вкусна варијанта на италијанскиот специјалитет со сланина и грашок.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
25 мин.

Порции

2 лица

Состојки

  • 220 гр. ситно сецкана сланина
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 кромид, ситно исецкан
  • 2 чешниња сецкан лук
  • 400 гр. грашок
  • 500 гр. таљатели
  • сол и бибер

Подготовка

Пропржете ја исецканата сланина во тава со малку масло на среден оган. Потоа извадете ја врз хартиена салфетка за да се впие вишокот масло.
Во истата тава додадете маслиново масло, кромид и лук и пржете ги додека кромидот да добие златно жолта боја. Потоа додадете ги грашокот, бибер и 100 мл. вода. Гответе ги заедно 5 минути на среден оган. Извадете половина од смесата со грашокот во една чинија и испасирајте го во пире. Потоа вратете го пирето во тавата заедно со пржената сланина и добро промешајте.
Сварете ги тестенините во тенџере со вода според упатството на ќесата. Посолете ги по вкус. Кога ќе бидат сварени, процедете ги од водата и додадете ја во тенџерето смесата од грашок и сланина. Добро промешајте и ги и сервирајте ги веднаш.

14 септември 2012 - 07:00