Морска храна

Ракчиња со леќа

Вкусен рецепт за ракчиња во доматен сос со леќа.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 помала главица кромид, ситно сецкан
  • 1 колбас, исецкан
  • 1 лажица чили сос
  • 400гр. сецкани домати
  • 800гр. леќа
  • 220гр. печени црвени пиперки, излупени и исецкани
  • 250мл. пилешка супа од коцка
  • 500гр. ракчиња
  • 2 лажиц сецкан магдонос
  • леб и зелена салата за прилог

Подготовка

Загрејте масло во голема тава на среден оган. Гответе ги кромидот и колбасот 5 минути со повремено мешање. Додадете лажица чили сос и гответе уште 1 минута. Додадете ги доматите, леќата печените пиперки и сварена супа од коцка. Кога ќе зоврие намалете го огнот и оставете ја смесата да се готви 20 минути.
Зачинете ги ракчињата со сол и бибер и додадете ги во тавата. Покријте ја и гответе ги 5 минути. Додадете магдонос и промешајте.
Послужете го овој специјалитет со препечен леб и свежа зелена салата.

20 април 2013 - 00:54