Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 4 парчиња пилешки гради
- 125 гр. моцарела топчиња, исецкани на парчиња
- 50 гр. рендан какшавал
- 1 лажица сенф
- 8 ленти сланина
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Помешајте ја моцарелата со кашкавалот и сенфот, додека не се добие хомогена смеса. Направете засек во секое парче од пилешките гради за да се формира џеб. Во секој засек наполнете од подготвената смеса.
Завиткајте ги парчињата пилешко со по две ленти од сланината, не премногу цврсто, но доволно за да го држи пилешкото затворено.
Зачинете ги пилешките гради по вкус, ставете ги на плех и печете околу 20-25 минути.