Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
45 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2 тиквици
- 1 јајце изматено
- 200 гр. лебни трошки
- 3 парчиња сланина
- 1 мал рендан морков
- 2 лажици путер
- 1 мал кромид ситно сецкан
- 1/4 лажичка жалфија
- 1/4 лажичка бибер
- 2 лажици рендан кашкавал
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Пресечете ги тиквиците на половина, по должина. Со лажица издлабете ја внатрешноста на тиквиците и одстранете го семето.
Во еден сад ситно исецкајте ја сланината и помешајте ја со сите состојки, освен кашкавалот. Поделете ја смесата на четири дела и со неа наполнете ги тиквиците.
Наредете ги тиквиците во плех за печење и покријте ги со фолија.
Печете ги 10 минути во загреана рерна. Потоа одстранете ја фолијата и печете ги дополнителни 20 минути. На крај врз секоја тиквица додадете половина лажица рендан кашкавал и вратете ги во рерна уште 2-3 минути за да се растопи.
Послужете ги топли.