Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
40 мин.
Порции
4-6 лица
Состојки
- 800 гр. пилешки гради
- 2 лажици соја сос
- 1 лажица вегета
- масло за готвење
- сок од лимон
- 2-3 јајца
- 300 гр. сусам
- сол и бибер
- брашно
- 2 лажици лебни трошки
Подготовка
Исечете го пилешкото на крупни ленти. Ставете го пилешкото во сад и додадете го сокот од лимон, соја сосот и вегетата. Оставете да одстои. Изматете ги јајцата и додадете сол и бибер. Панирајте ги пилешките ленти, прво во брашно, потоа во јајцата и на крај во сусамот и лебните трошки. Пржете ги во масло на умерена температура додека не добијат златно жолта боја. Извадете ги на хартија за да се впие вишокот масло.
Добар апетит!