Пржено пилешко

Пилешко со целер и боранија

Пржено пилешко со мешавина од зеленчук и зачини.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 500 гр. пилешки гради исечени на ленти
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици оцет балсамико
  • 2 лажици соја сос
  • 1-2 лажички чили лут сос (по желба)
  • 2 лажички шеќер
  • 1 главица кромод, исецкан на кришки
  • 6 страка целер. ситно сецкан
  • 250 гр. боранија исецкана на парчиња
  • 40 гр. бадеми, сецкани
  • 400 гр. сварен ориз за гарнир

Подготовка

Загрејте 1 лажица масло во длабока тава (по можност Вок) на силен оган. Испржете го пилешкото 2-3 минути со мешање додека да добие златно жолта боја. Потоа извадете го пилешкото од тавата.

Во сад измешајте оцет, соја сос, чили сос и шеќер. Загрејте уште една лажица масло во истата тава на силен оган. Пржете го кромидот 1 минута. Потоа додадете ги целерот и боранијата и пржете уште 2-3 минути.

Вратете го пилешкото во тавата со зеленчук и зачинете го јадењето со сосот од оцет и додадете ги сецканите бадеми. Пржете уште 2-3 минути додека да се зготви пилешкото. 

Послужете го со сварен бел ориз како гарнир.

25 јануари 2013 - 18:51