Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1/2 лажичка црвен пипер
- 1 чешне лук, ситно сецкан
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка ѓумбир
- 2 лажици масло
- 2 лажички буковец
- 1 лажица сок од лимон
- 100 мл. кисело млеко
- 2 парчиња пилешки гради, сецкани на тенки парчиња
- 1 готово тесто за пица
- 2 лажици кечап
- 1 црвен кромид, ситно сецкан
- 40гр. спанаќ
- 2 лажици сецкано суво грозје
- 2 лажици сецкани бадеми
- 100гр. рендан кашкавал
- 1 лажица ситно сецкан кориандер
Подготовка
Во длабок сад измешајте сок од лимон, половина киселото мелко, црвен пипер, лук, сол, ѓумбир, 2 лажици масло и буковец. Добро измешајте ги состојките и додадете ги парчињата пилешко. Покријте го садот и оставете го во фрижидер 1 час.
Загрејте ја рерната на 220 степени. Обложете еден плех со хартија за печење. Поставете го врз него готовото тесто за пица.
Премачкајте го тестото со 2 лажици кечап. Врз него наредете кромод, спанаќ, маринираното пилешко, суво грозје, сецкани бадеми и одозгора додадете рендан кашкавал.
Печете ја пицата 15 минути. Послужете ја веднаш декорирана со ситно сецкан кориандер и остатокот од киселото млеко.