Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
15 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2 1/2 лажици сончогледово масло
- 3 јајца, лесно изматени
- 2 помали лути пиперчиња, ситно сецкани
- 6 главици млад кромид, ситно сецкан
- 2 чешниња лук, исецкан
- 400гр. ракчиња
- 200гр. ориз, сварен во вода
- 80мл. соја сос
- 1 лажичка сусамово масло
- 2 лажици благ чили сос
- 120гр. замрзнат грашок
- ливчиња кориандер и парчиња лимета за декорација
Подготовка
Загрејте 2 лажички масло во тава на силен оган. Додадете ги јајцата и гответе ги 1-2 минути со мешање. Извадете ги јајцата во чинија.
Додадете го останатото масло во тавата и гответе ги пиперчињата, кромидот и лук со мешање 1 минута. Додадете ги ракчињата и гответе ги 3-4 минути. Вратете ги јајцата во тавата и додадете ориз, соја сос, сусамово масло, чили сос и грашок. Гответе со мешање 3-5 минути.
Декорирајте со кориандер и лимета.
Пријатен апетит!