Домати

Мусака без месо

Печени модри патлиџани со урда.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 поголеми модри патлиџани, исечени на парчиња по должина
  • маслиново масло
  • 500гр. урда
  • 2 жолчки од јајца
  • 2 лажици ситно сецкан млад кромид
  • 50гр. ситно сецкани потпечени бадеми
  • 3 лажици ситно сецкан босилек
  • 5 лажици рендан пармезан
  • 250гр. пица кечап
  • 100гр. лебни трошки
  • мешана салата

Подготовка

Загрејте тава на силен оган. Премачкајте ги со масло парчињата модри патлиџани. Пржете ги по 3-4 минути од секоја страна и префрлајте ги во чинија.
Загрејте ја тавата на 200 степени. Премачкајте тава за печење со малку масло. Во длабок сад измешајте ја урдата со жолчки од јајце, млад кромид, сецкани бадеми, 2 лажици босилек, и 2/3 од пармезанот. Зачиенте ја смесата со сол и бибер.
Поставете во тавчето една третина од модрите патлиџани. Премачкајте ги со 1/3 од кечапот и 1/3 од смесата со урда. Повторете ја постапката уште два пати. Во сад измешајте ги лебните трошки со 1 лажица босилек и остатокот до пармезан. Зачинете со сол и бибер. Додадете ја оваа смеса најгоре во тавчето врз последниот слој урда.
Печете ја мусаката 25 минути. Послужете ја со свежа салата.

19 јули 2013 - 07:00