Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2 лажици маслиново масло
- 1 главица кромиц, сецкан
- 2 чешниња лук, ситно сецкан
- 500гр. црни патлиџани, сецкани на ситни коцки
- 800гр. сецкани домати од конзерва (пелати)
- 2 лажици шеќер
- сол и бибер
- 60гр. зелени маслинки без семка
- 2 лажици сецкан магдонос
- 400гр. макарони (или други тестенини по желба)
- 2 лажици рендан пармезан
Подготовка
Загрејте масло во тава на среден оган. Пржете ги лукот и кромидот 5 минути додека да омекнат. Зголемете ја јачината на рингалта и додадете ги црните патлиџани. Пржете ги со мешање 2-3 минути. Додадете ги доматите, шеќер, сол и бибер. Кога сосот ќе зоврие намалете ја јачината на потивко и гответе го 15 минути за да се згусне и да се зготват модрите патлиџани. Додадете ги маслинките и магдоносот и промешајте.
Во меѓувреме сварете ги макароните во тенџере со вода според упатството на ќесата. Исцедете ги и ставете ги во чинија за сервирање. Додадете го сосот.
Сервирајте ги веднаш со рендан пармезан.