Потпечен карфиол

Карфиол со кашкавал

Вкусен ручек без месо.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 1 карфиол средна големина
  • 25 гр. путер
  • 50 гр. брашно
  • 400 мл. млеко
  • 125 гр. кашкавал
  • сол и бибер

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Гответе го карфиолот во зовриена вода околу 5 минути и исцедете го. Растопете го путерот во тенџере, додадете го брашното и мешајте додека не се добие изедначена смеса. Тргнете го тенџерете и додавајте го млекото со постојано мешање додека не се изедначи. Зачинете го бешамелот и вратете го да се вари 1-2 минути со постојано мешање. Додадете 2/3 од кашкавалот во бешамелот и промешајте. Во огноотпорен сад додадете дел од бешамелот, распоредете го карфиолот и додадете го преостанатиот бешамел. Одозгора додадете го преостанатиот кашкавал. Печето околу 10тина минути.

Добар апетит!

24 декември 2012 - 07:00