Италијански ручек

Канелони со телешко и кашкавал

Италијански деликатес со кашкавал, кремсирење и болоњезе сос.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 400 гр. +2 лажици доматно пире
  • оригано
  • сол и бибер
  • мешан зачин
  • сув магдонос
  • масло
  • 600 гр. мелено телешко месо
  • 1 поголема главица кромид, ситно сецкан
  • 1 кутија канелони
  • 250 гр. крем сирење
  • 200 гр. рендан кашкавал за пица
  • 2 лажици свеж босилек, ситно сецкан

Подготовка

Загрејте две лажици масло во длабока тава и пропржете го кромидот додека да добие светло кафеава боја. Потоа додадете го меленото месо и пржете уште 5-10 минути додека да добие светло кафеава боја. Зачинете го сол, бибер, магдонос и мешан зачин по вкус. Додадете 2 лажици доматно пире и промешајте.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Измешајте го доматното пире во длабок сад со сол, бибер и оригано по вкус. Премачкајте со малку масло едно правоаголно тавче. На дното истурете 50 гр. од зачинетиот доматен сос. Наполнете ги канелоните со мала лажица со 3/4 од меленото месо. Наредете ги во тавчето. Одозгора премачкајте ги со крем сирењето. Истурете го врз канелоните преостанатиот зачинет доматен сос и остатокот од меленото месо. Изрендајте го кашкавалот врз месото. 

Печете ги канелоните 30 минути во загреана рерна. Послужете ги веднаш декорирани со ситно сецкан босилек.

На здравје!

16 февруари 2013 - 10:55