Рибен специјалитет

Бакалар во сос од домати

Вкусен пржен бакалар во сос од домати и зачини.

Време на подготовка:
5 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 парчиња бакалар
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 кромид сецкан
  • 400 гр. доматен сос
  • 1 лажичка кафеав шеќер
  • мајчина душица неколку гранчиња
  • 1 лажица соја сос

Подготовка

Во тава загрејте го маслото и додадете го кромидот. Пржете 5-8 минути додека не добие златна боја. Додадете го доматниот сос, шеќерот, соја сосот и мајчината душица. Зовријте го сосот и гответе околу 5 минути. Додадете ги парчињата риба, покријте ја тавата и на средна температура продолжете со готвење околу 10 минути, или додека рибата не е готова. Сервирајте со печени компири.

Добар апетит!

11 декември 2012 - 07:00