Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
5 мин.
Вкупно време:
20 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 1 1/2 филџан еспресо
- 2 белки од јајце
- 200мл. хопла
- 350гр. несолена урда
- 50гр. шеќер во прав
- 250гр. бисквити
- 2 лажици какао
Подготовка
Во сад изматете ги белките додека да добиете цврста пена. Во друг сад изматете хопла, урда и шеќер во прав. Додадете ги белките и измешајте со лажица.
Топете ги половина од бисквитите во топлото кафе и редете ги во еден ред во подлабоко тавче. Премачкајте ги со половина од кремот. Потоа повторете ја постапката со остатокот од бисквити и крем.
Оставете ја тортата 6 часа во фрижидер пред да ја послужите декорирана со какао.