Основен рецепт

Палачинки

Основен рецепт за највкусниот десерт.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

10 лица

Состојки

  • 10 лажици брашно (не преполни лажици)
  • 2 јајца
  • 100 мл. млеко
  • 400 мл. газирана минерална вода
  • 2 лажици масло + уште малку за печењето
  • сол

Подготовка

Изматете ги добро јајцата со миксер. Додадете еден прстофат сол и 2 лажици масло. Потоа додавајте го брашното една по една лажица и продолжете со матење. Додадете 400 мл газирана минерална вода (2 чаши) и промешајте ја смесата со лажица додека да добиете хомогена смеса. На крај додадете 100 мл. (1/2 чаша) млеко.
Оставете ја смесата да одстои 20 минути. Ако ви изгледа многу густа можете да додадете уште малку минерална вода.
Загрејте една тава на среден оган. Премачкајте го дното на тавата со многу малку масло. Со црпалка за супа истурете од смесата во тавата за да се формира тенок слој. Кога палачинката ќе почне малку да се одвојува од страните на тавата со дрвена лажица или нож одвојте ја и превртете ја од другата страна. Кога палачинката ќе добие златно жолта боја извадете ја внимателно врз чинија. Повторете ја постапката со остатокот од тестото.
Палачините послужете ги топли со фил по желба.
На здравје!

26 декември 2012 - 07:00