Чизкејк

Освежителен десерт

Чизкејк од лимета и јогурт.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
0 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 6 чајни бисквити без прелив
  • 2 лажици зовриена вода
  • 1 1/2 лажичка желатин
  • 250гр. крем сирење
  • 50гр. шеќер во прав
  • 200гр.кисело млеко
  • 70гр. кокосово млеко од конзерва
  • 2 лажички ситно рендана кора од лимета
  • 1 лажица сок од лимета
  • дополнителна кора од лимета за декорација

Подготовка

Обложете 6 големи калапи за мафини со пластична фолија. Пооставете 1 бисквит внатре во калапот.
Измешајте ја зовриената вода со желатин и оставете го да се растопи.
Со миксер изматете го крем сирењето со шеќер. Додадете кисело млеко, кокосово млеко, кора и сок од лимета. Продолжете со матење додека да се соединат. Додадете го желатинот и продолжете со матење.
Истурете ја смесата во калапите врз бисквитите. Покријте ги и оставете ги во фрижидер 6 часа за да се стегнат.
Со помош на пластичната фолија извадете го чизкејкот од калапите. Превртете го врз чинија за сервирање и декорирајте го со кора од лимета.
На здравје!

20 јуни 2013 - 20:13