Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
16 парчиња
Состојки
- 100 гр. путер
- 200 гр. шеќер
- 2 јајца
- 1 лажичка ванила екстракт
- 30 гр. какао
- 60 гр. брашно
- прстофат сол
- 1/4 лажичка прашок за пециво
- 16 лажички нутела
Подготовка
Намачкајте со малку масло 16 калапи за мафини. Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во тава на слаб оган растопете го путерот. Одстранете го од оган и додадете го шеќерот и една лажичка ванила екстракт и промешајте. Потоа додадете го какаото, брашното и прашокот за пециво и прстофат сол и добро измешајте. Истурете го тестото во подготвените калапи и наполнете ги по 1/3. Потоа во секој калап додадете 1 полна лажичка нутела. Поделете го остатокот од тестото врз нутелата.
Печете ги мафините во загреана рерна 20 минути.
Кога ќе бидат готови, оставете ги мафините да одстојат 5 минути па извадете ги од калапите.
Пријатен апетит!