Време на подготовка:
40 мин.
Време на готвење:
40 мин.
Вкупно време:
1ч. 20 мин.
Порции
16 лица
Состојки
- 220 гр. путер
- 220 гр. обичен шеќер
- 220 гр. кафеав шеќер (светол)
- 2 лажички ванила екстракт
- 4 јајца
- 220 гр. брашно
- 150 гр. какао
- ¼ лажичка сол
- ½ лажичка прашок за пециво
- 200 гр. нутела
- 200 гр. чоколадо за готвење, рендано
Прелив
- 50 гр. чоколадо Нестле
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Во среден сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, какаото и ½ лажичка сол. Во помал сад растопете го путерот на рингла на слаб оган. Додадете ванила екстракт и шеќерот. Мешајте додека да се растопи шеќерот. Потоа префрлете ја смесата во друг сад и оставете ја 15 минути да се излади.
Загрејте ја нутелата во едно тенџерче на рингла на слаб оган додека да се растопи. Потоа тргнете ја на страна.
Додадете ги јајцата едно по едно во смесата од путер и шеќер. Добро измешајте ги додека да добиете изедначена смеса. Потоа додадете ја смесата со брашно една по една лажица. На крај додадете ја нутелата и чоколадото за готвење. Добро измешајте ја смесата и истурете ја во поголема тава обложена со хартија за печење. Врз тестото изрендајте го Нестле чоколадото.
Печете го колачот во загреаната рерна 35-40 минути. Остевете го колачот целосно да се излади пред да го пресечете на коцки и да го послужите.