Лесен десерт

Нутела десерт

Лесен крем од чоколадо и лешник.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 800мл. хопла
  • 500гр. Нутела
  • 1 лажица жешка вода
  • 2 1/2 лажички желатин
  • шлаг пена
  • печени лешници
  • какао за декорација

Подготовка

Испечете ги лешниците во тавче во рерна загреана на 200 степени 10 минути. Потоа оставете ги да се изладат.
Измешајте ја хоплата со Нутела крем во длабоко тавче. Загрејте ја смесата на рингла на среден оган околу 3-4 минути. Мешајте непрекинато додека да се растопи кремот и да се добие изедначена смеса.
Во мал сад измешајте една лажица топла вода и желатин. Садот поставете го во друго тенџере со зовриена вода. Мешајте го желатинот со вилушка додека да се растопи на пареата.
Додадете го растопениот желатин во смесата од хопла и Нутела и добро промешајте.
Поделете го кремот во 6 чаши за сервирање. Оставете го во фрижидер 6 часа за да се излади и да се стегне.
Исецкајте ги лешниците на крупни парчиња. Чашите со кремот декорирајте ги со готова шлаг пена и какао. На крај наросете сецкани печени лешници.

3 јули 2013 - 07:00