Без печење

Летен колач

Рецепт за лесен десерт, совршен за ова време од годината.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
25 мин.

Порции

16 лица

Состојки

  • 4 жолчки
  • 4 белки
  • 8 лажици шеќер
  • 2 ќесички ванилин шеќер
  • 1 ќесичка пудинг од ванила
  • 3 žлажици брашно
  • 1 л. млеко
  • 1 кутија бисквити
  • 200 мл. млеко
  • хопла
  • малку рум
  • 100 гр. чоколадо

Подготовка

Загрејте 200 мл. млеко во едно тенџере. Бисквитите една по една ставете ги во тенџерето со топло млеко и по десетина секунди редете ги во подлабоко тавче. Бисквитите треба да бидат наредени една до друга за да нема празен простор помеѓу нив. Потребно е да ги наредите во 2-3 слоја. Потоа врз бисквитите капнете неколку капки рум.
Во еден сад изматете ги жолчките со вилушка. Одвојте 4-5 лажици ладно млеко и во него измешајте ги пудингот и брашното.
Во едно тенџере загрејте го на силен оган млекото. Потоа во него додадете ги шеќерот, ванилин шеќерот, смесата од брашно и пудинг и изматените жолчки. Со посотојано мешање варете ја смесата додека да се згусне. Потоа тргнете ја од рингла и оставете ја да се излади.
Изматете ги белките во цврста пена. Потоа со лажица додавајте ги постепено во изладениот крем и мешајте додека да се добие рамномерен крем.


Кремот додадете го во тавата врз бисквитите. Изматете хопла и додадете ја врз кремот.

Декорирајте го колачот со 100 гр. рендано црно чоколадо.

5 јули 2012 - 07:00