Крем десерт

Крем бруле

Варијанта на познатиот десерт со Бејлис.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
45 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 450мл. хопла
  • 150мл. млеко
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 1 јајце
  • 3 жолчки од јајце
  • 75гр. шеќер во прав плус екстра за сервирање
  • 100мл. Бејлис ликер
  • замрзнати малини

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Измешајте хопла, млеко и ванила во тенџере и загрејте ги на слаб оган. Во сад изматете ги јајцето, жолчките и шеќерот. 

Со постојано матење постепено додадете ги загреаната хопла со млеко и Бејлис ликерот. 

Поделете ја смесата во 6 огноотпорни садови за сервирање. 

Печете го десертот 45 минути. Кога ќе се излади ставете ги садовите со кремот во фрижидер 2-3 часа.

Пред сервирање додадете врз десертот шеќер во прав и потпечете ги кратко во загреана рерна за да карамелизира. Сервирајте го кремот со замрзнати малини.  

 

20 март 2013 - 07:00