Диетални колачи

Колачи од темно чоколадо

Рецепт за чоколадни колачи кои се јадат без грижа на совест.

Време на подготовка:
25 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

24 лица

Состојки

  • 230 гр. темно чоколадо (за готвење)
  • 2 лажици путер
  • 220 гр. брашно
  • 50 гр. незасладено какао
  • ¼ лажичка сол
  • ¼ лажичка прашок за пециво
  • 4 јајца
  • 200 гр. кафеав шеќер
  • 100 мл. јогурт со низок процент на масленост
  • 50 мл. масло
  • 2 лажчки екстракт од ванила
  • 150 гр. сецкани ореви

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте едно тавче за печење со малку масло.
Растопете ги чоколадото и путерот во тенџере на слаб оган со постојано мешање. Во сад измешајте ги брашното, какаото, прашок за пециво и сол. Во друг сад изматете ги јајцата и шеќерот додека да добиете кремаста смеса. Додадете јогурт, масло и екстракт од ванила и мешајте додека да се изедначат. Потоа додадете го чоколадото со путер и на крај една по една лажца додадете ја смесата со брашно. Добро измешајте го тестото и префрлете го во тавчето за печење. Одозгора додадете ги исецканите ореви.
Печете го колачот 20 минути. Потоа оставете го сосема да се излади пред да го исечете на рамномерни коцки и да го послужите.

На здравје!

5 октомври 2012 - 13:40