Ролати

Десерт со крем од нескафе

Вкусен и лесен за приготвување десерт за љубителите на кафе.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

16 лица

Состојки

  • 5 јајца
  • кора од еден лимон
  • 5 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 2-3 лажици мелени бадеми

Крем

  • 1 лажица нескафе
  • 3 лажици шеќер
  • 3 јајца
  • 1 пудинг од ванила
  • 2 дл. млеко
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 100 гр. путер
  • 50 гр. маргарин
  • 2-3 лажици мелени бадеми

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени.
Измешајте ги јајцата и шеќерот со миксер. Потоа додадете ги сите состојки за тестото и продолжете со мешање додека да добиете изедначена смеса.
Обложете еден плех со хартија за печење и во него истурете ја внимателно смесата за ролатот. Намалете ја рерната на 160 степени и печете го тестото 30 минути. Потоа извадете го плехот и превртете го ролатот врз влажна кујнска крпа за да омекне.
Нескафето и шеќерот измешајте ги со малку топло млеко за да се растопат. Прашокот за пудинг измешајте го со 2-3 лажици ладно млеко. Во еден сад измешајте ги со миксер јајцата. Потоа додадете ја смесата од шеќер и нескафе, прашокот за пудинг и целото млеко. Изматете ја добро смесата. Потоа префрлете ја во едно тенџере и варете ја на среден оган со постојано мешање додека да се згусне. Оставете го кремот добро да се излади а потоа измешајте го со миксер со путерот, маргаринот шеќерот во прав и мелените бадеми. Намачкајте го ролатот со 2/3 од кремот. Завиткајте го внимателно ролатот и намачкајте го со остатокот од кремот. Декорирајте со сецкани бадеми.

20 јуни 2012 - 07:00