Освежителен десерт

Десерт од лимета

Вкусен и необичен десерт.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
25 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • путер
  • 2 јајца, одвоени жолчки од белки
  • 70гр. шеќер
  • 2 лажички рендана кора од лимета
  • 60мл. сок од лимета
  • 250мл. млеко од соја или ориз
  • 75гр. брашно
  • прашок за пециво
  • 2 белки од јајце

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте со малку путер 4 мали огноотпорни садови. Поставете ги на плех за печење.
Изматете ги жолчките, шеќер, кора од лимета, сок од лимон и 2 лажици путер. Додадете млеко од соја и на крај измешајте го брашното и прашокот за пециво.
Со миксер изматете ги четирите белки. Со лажица внимателно додадете ги белките во тестото. Истурете го тестото во огноотпорните садови и ставете ги да се печат 15 минути.
Послужете го десертот веднаш. На здравје!

22 февруари 2013 - 19:24