Чоколадни колачи

Чоколадни коцки

Вкусни колачи со портокал и суво грозје.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

40 лица

Состојки

  • 200гр. путер
  • 130гр. чоколадо за готвење, искршено на коцки
  • 320гр. шеќер во прав
  • 3 јајца
  • 2 лажици ситно рендана кора од портокал
  • 1 и 1/2 лажичка ванила
  • 120гр. брашно
  • 30гр. какао
  • 170гр. суво грозје
  • 60гр. сецкани ореви

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачјате со малку масло едно правоаголно тавче. Обложете го со хартија за печење. Во тенџере на слаб оган измешајте путер и чоколадо. Мешајте ја смесата неколку минути додека да се растопи. Тргнете го на страна да се лади.
Со миксер изматете јајца и шеќер. Додадете ја изладената чоколадна смеса, кора од портокал и ванила. ИЗмешајте го брашното со какаото и една по една лажица додавајте ја во смесата. Добро промешајте додека да се изедначи. Додадете го сувото грозје и сецкани ореви.
Истурете ја смесата во тавчето. Печете го колачот 35-40 минути. Исечете го на коцки и послужете го одкако ќе се излади.

29 јуни 2013 - 01:48