Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
50 мин.
Вкупно време:
1 ч. 10 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 40гр. путер
- 9 тенки парчиња леб од овес (користете правоаголен сечен леб)
- 400мл. млеко
- 3 јајца
- 2 лажици мед
- 1 лажичка цимет
- 2 банани, сечени на тенки кругчиња
- сладолед како прилог
Подготовка
Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте ги парчињата леб со путер од двете страни. Одсечете ја корката од лебот. Секое парче пресечете го дијагонално на половина.
Изматете во сад млеко, јајца, мед и цимет.
Во длабоко огноотпорно тавче премачкано со малку масло редете ги парчињата леб. Помеѓу парчињата леб редете парчиња банана.
Преку лебот и бананите прелијте ја смесата од млеко и јајца. Оставете го да одстои 10 минути. Потоа печете го 45-50 минути додека да добие златно жолта боја.
Послужете го овој десерт со сладолед по желба.