Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
36 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 3 јајца
- 125 гр. растопен путер
- 200 гр. кафеав шеќер
- 60 мл.јаворов сируп
- 1 лажичка ванила
- 4 банани, испасирани
- 60 гр. хопла
- 225 гр. брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1/2 лажичка цимет
- шеќер во прав за декорација
Карамелизирани банани
- 60 гр. путер
- 150 гр. кафеав шеќер
- 3 банани, исецкани на кругови
- 80 мл. хопла
Подготовка
За да ги подготвите карамелизираните банани во тавче на слаб оган измешајте го путерот и шеќерот. Мешајте додека да се растопи целиот шеќер. Додадете ги бананите и гответе ги околу 4 минути додека да карамелизираат. На крај додадете ја хоплата и добро промешајте. Тргнете ги на страна.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте калап за куглов со малку масло и посолете малку брашно.
Измешајте го во длабок сад со миксер јајцата, шеќер, јаворов сируп, ванила и путер околу 5 минути. Додадете ги пасираните банани и хоплата. На крај додадете го брашното, циметот и прашокот за пециво и добро измешајте го тестото. Истурете го тестото во подготвениот калап. Печете го 35 минути.
Оставете го колачот 5 минути да се излади па извадете го од калапот. Кога сосема ќе се излади послужете го исечен на парчиња и декориран со шеќер во прав и карамелизирани банани.