Зеленчук на кинески начин

Состојки

  • 1 жолта пиперка
  • 1 голем морков
  • 1 мала главица брокула
  • 1 голема главица црвен кромид
  • 200 грама ориз
  • Соја сос
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Прво ќе го ставиме оризот да се вари. Ставете го оризот во зовриена вода и засилете го неговиот вкус и боја такашто ќе додадете малку соја сос во водата.

Чекор 2: Време е за сецкање: Многу е важно правилно да го исечкаме зеленчукот за да го подобриме вкусот и презентацијата на јадењето на крајот. Отсечете ги страните од пиперката по должина и парчињата исечкајте ги во форма на тенки прсти.

Потоа исечкајте го црвениот кромид на прстени и извадете ја средината од главицата…

Откако претходно го излупивме морковот, повторно го земаме ножето за лупење и по должина лупиме дебели парчиња од морковот за да добиеме ленти кои изгледаат прекрасно и побргу се готват во вок тавата.

На крај, расцепкајте ги цветовите брокула на помали парчиња.

Чекор 3: Време е за Вок: Сега сме спремни за пржење со мешање… Прво, додека вок тавата се загрева ставете во неа маслиново масло, а кога термо сензорот ќе ви покаже дека тавата е жешка, во неа ставете го и зеленчукот… Мешајте без престан за да не загори зеленчукот… Во почетокот на пржењето ставете обилна количина соја сос, онолку колку што сакате.

Запомнете, соја сосот е природно солен и затоа не мора да додаваме сол.

Продолжете да ги мешате и превртувате состојките... Вок тавата е одлична за оние вешти движења на раката поради нејзините мазни закривени ѕидови…

По 6-7 минути ставете го капакот на вок тавата и оставете ја пареата да го заврши процесот на готвење …

Чекор 4: Време е за сервирање: Јадењето го сервираме такашто со помош на кружен калап ставаме ориз на средината од чинијата, а потоа зеленчукот го ставаме врз и околу оризот низ целата чинија.

СОВЕТ: Ќе се изненадите колку ова јадење е добро… Толку едноставно и брзо, но ќе посакате да сте направиле повеќе. Избравме природно сладок зеленчук како што се пиперките и црвениот кромид кои одлично се комбинираат со солениот соја сос. Ова јадење е мелем за очите и празник за устата… Вок тавата бргу ќе стане едно од Вашите омилени помагала во кујната.

20 декември 2013 - 07:46