Видео рецепт: Паста со тиква и колбаси

Состојки

  • Половина тиква со средна големина
  • 6 колбаси
  • 80 грама паста
  • 125 грама путер
  • Една рака листови жалфија
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Земете ја горната половина од тиквата (делот без семки) и извадете ја кората. Потоа исечкајте ја на коцки со еднаква големина.

Чекор 2: Испржете ги колбасите во малку масло за да ослободат дел од маснотиите и да добијат рамномерна боја. Оставете ги малку да се изладат, а потоа исечкајте ги на парчиња со еднаква големина со нож со назабено сечило.

Чекор 3: Ставете ги коцките тиква и колбаси во тава. Прелијте ги со малку маснотија од колбасите и печете ги заедно во рерна 25 минути на температура од 160 степени.

Чекор 4: Ставете ги тестенините да се варат во солена зовриена вода. Овде користиме тестенини во форма на школки кои подоцна ќе ги впијат другите состојки.

Ситно исечкајте неколку листа жалфија.

Чекор 5: Во меѓувреме ќе го направиме потемнетиот путер – ставете 125 грама путер во голема Делимано тава за пржење, стопете го и оставете го убаво да се загрее. Сакаме тој да добие костенесто кафена боја. По неколку минути ставете ги листовите жалфија и одржувајте ја температурата додека сосот од путер да почне да добива боја

Исклучете го огнот, ставете ги варените тестенини во тавата и измешајте ги со сосот.

Чекор 6: Извадете ги тиквата и колбасите од рерна и измешајте ги состојките заедно.

Сервирајте неколку полни лажици на чинија.

СОВЕТ: Украсете го јадењето со листови жалфија или рендан пармезан. Ова е одличен рецепт за студениот период. Сосот од потемнет путер и жалфија можете да го користите со секаков вид тестенини или њоки.

5 декември 2013 - 16:54