Состојки
- Половина тиква со средна големина
- 2 коцки за супа од зеленчук
- 500 милилитри вода
- 2 чешниња лук
- 1 главица црвен кромид
- 3 цели печени пиперки
Подготовка
Чекор 1: Време е за сечкање: Прво ќе го исечкаме лукот. Потоа и кромидот – не морате да бидете премногу уредни.
Сега и тиквата – доволни ќе бидат големи коцки или парчиња.
Чекор 2: Загрејте малку вода со коцките за супа од зеленчук... Не морате да додавате зачини бидејќи коцките за супа веќе ги содржат.
Сега ставете ги кромидот, лукот и тиквата. Крчкајте ја смесата околу 20 до 25 минути…
При крајот ставете ги и печените пиперки во смесата.
Чекор 3: Време е за блендер: Земете рачен блендер и иситнете ја супата за да добие рамномерна густина. Исто така, доколку на располагање имате обичен блендер, можете да го употребите за ситнење на смесата…
Чекор 4: Време е за сервирање: Со црпалка ставете од супата во длабока чинија.
Одозгора ставете малку павлака.
Сервирањето завршете го со исечкан магдонос за декорација.
СОВЕТ: Секојпат кога правите супа сфаќате колку е всушност лесно и колку креативна слобода имате. Навистина можете да експериментирате со вкусови, зачини и билки…. Многу ретко се случува некоја комбинација на состојки да не одговара за супа.