Состојки
- ½ тиквичка
- 1 модар патлиџан
- 1 гранка шери домати
- Една рака чешниња лук
- 1 бел кромид
- 300 грама биено сирење
- 500 грама Кус-Кус
- Сол, бибер, маслиново масло и вода
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Ростер и Сет 2 сада за матење
Подготовка
Чекор 1: Време е за сечкање: Исечкајте ги зеленчукот и сирењето на големи парчиња. Ставете ги во Ростер тавата со маслиново масло и зачини и печете ги 25 минути на 160°С или пак додека сирењето да добие златна боја.
Чекор 2: Ставете го Кус-Кусот во длабок сад, зачинете го, додадете маслиново масло и полијте со зовриена вода. Смесата покријте ја со крпа и оставете ја така 5 минути.
Со вилушка раздробете го Кус-Кусот на зрна.
Чекор 3: Измешајте го Кус-Кусот со печениот зеленчук и сирењето. Најгоре додадете ги печените главици лук и шери доматите.
СОВЕТ: Тврдото сирење е одлично за печење бидејќи така се засилува неговиот вкус и ја прави салатата посолена. На крај кога ќе мешате не заборавајте да ги прелиете и соковите кои ги испуштиле зеленчукот и сирењето на дното од тавата.