Гулаш со мисиркино месо

Состојки

  • 150 грама свежи шампињони
  • 3 моркови
  • 1 голема главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 500 грама мисиркини гради
  • 1 пилешка коцка за супа
  • 150 мл. суво бело вино
  • 200 мл. павлака за готвење
  • 1 мала лажичка рендана кора од лимон
  • 2 лажици нишесте
  • Вода да се покријат состојките

Ќе ви треба и:

  • сол, бибер и маслиново масло
  • Власец за декорација

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Гурмет 8 во 1 пекач.

Подготовка

Чекор 1: Време е за СЕЧКАЊЕ: Шампињоните исечете ги на листови. Морковите сечете ги на листови, дијагонално. Лукот исечкајте го ситно. Кромидот исечете го на тенки долги ленти.

Месото најпрво измијте го и исушете го со кујнска хартија, па исечкајте го на мали парчиња.

Чекор 2: Ставете малку маслиново масло во Гурмет пекачот и вклучете го на функцијата (Saute`) потпржување. Ставете го месото, додајте сол и бибер по вкус, додајте го и густинот, па потпржете од сите страни.

Чекор 3: Додајте ја коцката за супа, сечканиот зеленчук, па кратко потпржете. Потоа прелијте со вино и павлака за готвење, и дополнете со вода да се покријат состојките, ако има потреба. Ставете го капакот и гответе на функцијата (Saute`) 20 минути. Потоа додајте ја ренданата кора од лимон и гответе уште неколку минути, додека не ја добиете саканата густина на сосот.

Чекор 4: Гулашот го сервираме со варен ориз и додаваме сечкан власец за декорација и подобар вкус.

СОВЕТ: Овој Гулаш може да го јадете и како посебно јадење, но и во комбинација со ориз, компир, или тестенини. Доколку не можете да најдете месо од мисирка, подгответе го со месо од пилешки гради!

 

4 март 2014 - 08:00