Состојки
- 1 парче пилешки гради
- 150 гр. сушени колбаси
- 200 гр. ракчиња
- 2 супени лажици куркума (или вегета)
- 2 супени лажици луто чили
- 400 гр. ориз
- 1 пилешка коцка за супа
- 1 зелена пиперка
- 1 црвена пиперка
- 1 бел кромид
- 100 гр. бамји
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Експрес Лонец.
Подготовка
Чекор 1: Овој рецепт е премногу лесен за подготовка со Делимано Експрес лонецот. Почнуваме со сечкањето. Пиперките ги сечкаме на ленти, кромидот крупно го сечкаме, а потоа го сечкаме и месото.
Колбасите исечкајте ги на кругчиња, а пилешкото на крупни парчиња.
Чекор 2: Сѐ заедно ставаме во Експрес лонецот. Ги додаваме коцката за супа, зачините и оризот. Убаво промешуваме и сето тоа го преливаме со топла вода.
Ставете го капакот на лонецот, наместете го регулаторот на 2 и почекајте да се создаде притисок и да се испушти пареата. Потоа намалете ја температурата на 1 или 2 и гответе 15 минути.
Чекор 3: Испуштете го притисокот пред да го тргнете капакот и оброкот е готов. Може да го сервирате во чинија. Навистина е толку едноставно.
СОВЕТ: Сигурно претпоставувате дека постојат неколку верзии на Џамбалаја и ако малку истражите ќе откриете многу варијации. Ние ви препорачуваме да не ги отфрлате ракчињата, освен доколку навистина не го сакате тој вкус. Комбинацијата на ракчиња и месо е навистина посебна.