Седум и нешто минутен тајм лапс посветен на градот на конзулите, Фолтинци и Димса, Каролина, Крсте од Њујорк, Стребре од Епинал, Лео што се женеше лани, Коче кој ќе се жени во мај и сите други фиљан луѓе што ги знаеме од таму.
Наоѓаме еден српски рапер тоест цреп на англиски сајт кој го најавува како "најбудалестата работа што ќе ја видите цел ден". Ок, сакаме ние треш ликови од сивата зона а овој е баш класичен балкански црњак - еден сељо со пиштол и фармерки до мишка на кого другарчињата му држат знаме од Српска радикална странка?!