Отиде и Владата во Свирипичино

Како му запнавме на ова Сирипичино, Гугл го пореметивме. Прво беше само МАНУ и Економски факултет, па дојдoвме ние од Трендоленд а еве ти ја сега и Влада! Раат да се немало никаде.

Ракија ни за лек

Хрват изненаден и разочаран од новите ЕУ регулативи по кои на индивидуалци им се дозволува да испечат само 50 литри ракија годишно за свои потреби. Свои потреби? Човекот е спремен да оди на суд за да ги докажува своите потреби.

Време за мешање на картите

Оптимистот ќе гледа како секоја карта има шанса да се појави на врвот. Песимистот ќе гледа како  и да се мешаат картите, шпилот останува ист. Тоа е.