Дали е он озбилен?

Ако е ова пародија (исмевање преку претерана имитација) тогаш не е добро затоа што не е смешно. Ако не е пародија, тогаш ич не е добро. "Ако немаш трето дете џабе ти се двете", ќе порача раперот во синдикалка, осамен во своето опскурно кујниче.

Школа со вградено екстерно

Ја има во Србија и се работи за таква вештина која зависи исклучиво од екстерна оценка. Во случај на неуспех, понављачот ја повторува мантрата: "Остај ја, курва." На следната тв презентација, професорот падна тотално. 

Идиотите секогаш стигнуваат први

На десетици километри меѓу Велес и Скопје функционира само една лента. Ќе си ѕенѕате полека и надлежните апаши на крај пак ќе ви наплатат патарина како да сте користеле автопат (не можеа да го паузираат тоа додека нема автопат?). За да се чувствувате најмизерно, ќе се погрижат најпаметните меѓу нас.

Ракијо, владарко

Да не прејудицираме, ама  оваа песна ги има сите потребни аудио-текстуални малигани за да стане следната алкохолна химна на просторите на поранешна Југославија. Музиката малку влече накај Тома (Дотако сам) ама затоа текстот ги гаѓа сите битни поенти на темата и ја доловува природната драматургија, кога човек го сфаќа својот очај, разумно ги сумира последиците, знае дека ништо од тоа не му треба и носи одлука - дај уште една.