Т како фестивалот кој го смени Скопје

Пред точно 20 години (на 9-ти декември 1995-та година), на некои скопјани и други им се случи една неочекувана иницијација. Настапија Prodigy, Dog eat dog, Архангел, Renegade soundwave... Еден лајн-ап кој и денеска е остварлив но кој тогаш имаше форматирачко искуство за сите кои се најдоа на тоа место и форевер се имунизираа со таа музика и енергија. 20 години подоцна, немаме сретнато некој кој бил на тој концерт а подоцна успеал да стане сељак.

Монтажа, бе брат

1. Неда Украден објави скандалозно селфи со Уснија Реџепова на нејзината смртна постела. 2. Српскиот министер Гашиќ излупа идиотштина на сметка на новинарка. 3. Како да се поврзат овие две тотално различни работи? 

Си немал Бугарот работа

Се наоѓаш на 2925 метри надморска височина, на врвот Мусала на планината Рила. И одеднаш ти текнува генијална и уникатна порака која сакаш да ја споделиш со целиот свет.

Бил Мареј нè призна под уставното име

Легендарно опуштениот Бил Мареј најде да се нервира баш со наш човек! Па да му вика: "Ајде, лудаку македонски!" Да му се лутиме не Бил? Ма неее....